Кошаркарската репрезентација на Јужен Судан одигра еден импресивен натпревар во кој имаше плус 14 по првото полувреме (58:44).
Американците вратија во третиот период и со 37:18 комплетно го свртеа мечот во своја полза.
Многумина помислија дека аутсајдерот веќе е готов и само прашање е со колку разлика ќе загуби, ама се случи сосема спротивното, африканската репрезентација не се предавеше, беше блиску до противникот и се влезе во навистина неизвесна завршница.
Тор на 20 секунди погоди тројка за водство на Јужен Судан од 100:99. Повикан беше тајм-аут од страна на Кер, одговорноста ја презема Леброн кој со кош на осум секунди до крајот донесе позитива и победа од 101-100
Џејмс со 23 поени, 6 скока и 6 асистенции беше прв стрелец, Џоунс на другата страна забележа трипл-дабл од 15 поени, 11 скока и 11 асистенции.