Јувентус се обидува да ги продолжи договорите со најважните фудбалери во својот состав, а според италијанските медиуми, тоа е веше завршена работа во преговорите со Николо Фаџоли и Мануел Локатели.
Важните играчи од средниот ред прифатиле да стават потпис на нов договор, а според истиот ќе бидат дел од семејството на „бјанконерите“ барем до 2028 година.
Претходно, договорот со Јувентус го продолжи Федерико Гати, а се очекува наскоро да биде потврдено дека истото го сториле и Глејсон Бремер и Даниеле Ругани.
Најкомплициран ќе биде случајот „Рабио“, бидејќи Французинот може да одлучи да прифати нов предизвик по крајот на оваа сезона, по која му завршуваат обврските кон Јувентус.