„Знаев дека е одличен и еден од најбрзите тенисери, но и дека има еден од најсилните форхенди и дека го подобри својот бекхенд и сервис во последните години. Не ми даваше многу простор за дишење и навистина морав да се извлечам од проблеми со добри сервиси и мислам дека го направив тоа“, изјави Ѓоковиќ на теренот по мечот.
На прашањето што ја направи разликата во тешката пресметка со Рубљов, тој истакна еден детаљ.
„Мислам дека дишев малку подобро и тоа ја направи разликата. Имав малку повеќе време и простор да го удрам топчето. Ме давеше како змија што дави жаба и тоа во текот на целиот натпревар. Играше на многу високо ниво. Знаев дека има одличен квалитет, играше навистина фантастично денес, не верувам дека некогаш сум се соочил со толку добар Рубљов“, дополни Новак.