Навивачите на Челси го бараат Жозе Мурињо да се врати во Лондон и да ги преземе „сините“.
Очигледно Португалецот сѐ уште е икона во лондонскиот клуб и неговите успеси не се заборавени, но мисијата за евентуално враќање во Челзи ќе биде пеколно тешка. „Дејли Мејл“ пишува дека управата веќе остварила контакт со „специјалниот“, но Мурињо бил дециден во ставот дека не сака да се врати во Челзи, затоа што има понуди од неколку гиганти и во моментов со мислите е на сосема друго место.
Доколку резултатите во блиска иднина не се подобрат, скоро сигурно е дека Почетино ќе добие отказ, а дали навивачите ќе доживеат трет кам-бек на Мурињо, останува да видиме во текот на летниот преоден рок.
Португалскиот стратег со Челзи освои три шампионски титули во Премиер лигата, а во негово време тимот изгледаше непобедливо и беше страв и трепет за сите противници во Англија.