Португалскиот тренер Жозе Мурињо не ја исклучува можноста, сепак, наскоро да се пресели во Саудиска Арабија.
Во моментов тој е тренер на Рома и тврди дека е среќен во римскиот клуб, но нема сомнение дека ќе побара нов предизвик во кариерата.
„Кога станува збор за Саудиска Арабија, ќе бидам искрен: мислам дека еден ден ќе работам во саудиското првенство. Но, кога велам еден ден, не мислам утре или задутре“, изјави Мурињо.