Фудбал

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната.

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес.

„Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во САД“, изјави Жиру, кој во 2018 година ја освои титулата светски првак со Франција, а во сезоната 2021/22 стана шампион со Милан во Серија А.

Жиру во дресот на Милан зад себе има 130 натпревари на кои постигна 48 голови.

Пред да дојде во Милан, Жиру играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпеље, Челзи и Арсенал.

Со Монпеље ја освои француската титула, а со Челзи триумфираше во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во кариерата има 847 натпревари со 342 голови и 113 асистенции, освојувајќи вкупно 13 трофеи.

To top