По тринаесеттиот официјален натпревар во низа на кој сме непоразени, свој коментар даде и дефанзивецот Ѓоко Зајков.
„Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана. Се разбира дека со вакви противници не може да се случува секогаш да ги надигруваме. Сепак, ние покажавме дека сме храбри, оставаме срце за Македонија и на крајот освоивме бод.
Според мене ова е огромен резултат на гости во Белгија, но сега треба да се симнеме на земја. За три дена играме уште еден многу важен натпревар за кој треба колку-толку да се одмориме и да победиме, да освоиме три бода ако сакаме да осиме на Мундијалот.
Беше тешко, но со добра комуникација успеавме во нашата цел. Не бевме сплотени само дефанзивците, туку и Столе, како и момците од офанзивата, средниот ред… Сите изгинавме, бидејќи кога се игра за Македонија се остава срце на терен и како и да треба, ќе одиграме – само да ја исполниме целта“, изјави Зајков.