Фудбал шок

Вундеркиндот ги шокираше навивачите на Баерн: Животна желба му е да игра за Реал

Ленарт Карл (17) е роден во Фрамерсбах, Баварија, а целата негова кариера досега беше поврзана исклучиво со Германија. Младиот германски интернационалец прерасна во еден од најголемите таленти во светот, но неговиот клуб од соништата е сепак шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Младиот Карл даде многу незгодна и нејасна изјава за време на интервју и средба со навивачите, и разбирливо ги налути навивачите на Баерн.

„Баерн е огромен клуб и сон е да се игра тука“, рече Карл, пред да додаде: „Но, во одреден момент дефинитивно сакам да одам во Реал Мадрид. Се надевам дека ова ќе остане меѓу нас“, рече тој, но видеото се појави на социјалните мрежи и ги налути навивачите на Баерн.

To top