Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го претрпе вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, откако во Рејкјавик загуби од Шпанија со 5-0 во рамки на второто коло во групата 12.
Фаворитот Шпанија ги разреши сите дилеми околу конечниот победник веќе во првиот половина час од натпреварот кога со головите на Кампос (21. минута), Номоко (25,. минута од пенал) и Бареирос (28. минута) обезбеди водство од 3-0.
Номоко со својот втор гол го зголеми водство на шпанската репрезентација во 75 минута, а десет минути подоцна Гистау го постави конечниот резултат.
Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски со овој пораз ги загубија шансите за продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство, откако во првото коло загубија од домаќинот Исланд со 4-1 и се претпоследни на табелата без бодови.
Во последното коло Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Естонија.