Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СЦЕНА ВО СОСЕДСТВОТО: Змија влегла на теренот, а еден од фудбалерите безуспешно се обиде да ја избрка, таа се вознемири и настана пекол за судијата!

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СЦЕНА ВО СОСЕДСТВОТО: Змија влегла на теренот, а еден од фудбалерите безуспешно се обиде да ја избрка, таа се вознемири и настана пекол за судијата!

Вознемирувачка сцена е снимена на натпреварот од градската лига на Лесковац меѓу Горњи Синковац и Радник од Шишинац.

На среде меч на теренот влегла голема змија, па натпреварот на кратко бил прекинат.

Еден навивач се обидел да ја избрка од теренот со ранец, па таа станала крајно агресивна.

Тогаш на сцена стапил храбар судија и ја фатил змијата со рака. Во таа прилика змијата двапати го каснала, но тој не ја испуштил – ја фрлил далеку надвор од теренот.

„Се случи многу необична ситуација. На теренот се појави змија, што доведе до прекин на натпреварот. Фасцинантно е што судијата успеа да ја фати змијата и да ја отстрани од теренот, додека змијата не беше повредена. Според актуелни информации, се покажа дека судијата бил отпорен на две каснувања за време на овој настан “, стои во описот на видеото објавено од ФК Горње Синковче на Инстаграм.

To top