Фудбал

Воткинс: Ќе го освоиме трофејот против Шпанија

Воткинс: Ќе го освоиме трофејот против Шпанија

Оли Ваткинс (28), напаѓач на Астон Вила, беше англискиот херој во полуфиналето против Холандија. Тој влезе во игра во 81. минута и десет минути подоцна, во судиското продолжение, постигна гол за 2-1 и пласман на Англија во финалето.

– Гледате некого како Реал Мадрид во натпревар од Лигата на шампионите. Удобно им е без топка, ја имаат таа самодоверба дека ќе постигнат гол штом ќе ја добијат топката“, изјави Воткинс.

– Чувствувам дека и овде е исто. Ни треба само една шанса и можеме да го добиеме натпреварот. Не е важно дали играме лошо, сè уште го имаме тој талент од светска класа каде можеме одеднаш да се појавиме и да постигнеме гол“, истакна напаѓачот на Астон Вила.

To top