Во дербито на долниот дел на табелата на Првата македонска фудбалска лига, Воска попладнево како гостин го победи Вардар и направи голем исчекор кон опстанок во лигата.
На врвот, шампионот Струга ја зголеми предноста пред конкурентите Шкупи и Шкендија кои ова коло не победија.
Резултати на средбите од 28. коло во ПМФЛ:
Гостивар – АП Брера 1:1
Македонија ЃП – Струга Трим Лум 0:1
Силекс – Шкупи 0:0
Тиквеш – Шкендија 2:1
Вардар – Воска Спорт 0:1.
Вчера Брегалница – Работнички 0:1.
Табела: Струга 58 бодови, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера 34, Работнички 34, Воска 29, Брегалница 26, Македонија ЃП 25.