После повредата на Тер Штеген Барселона беше во потрага по нов голман и испрати понуда до Шчешни, кој прифати да ја прекине пензијата.
Полскиот голман денес ќе пристигне во Барселона на лекарски прегледи и официјално ќе стави потпис на договорот.
„Многу ја почитувам историјата на Барселона, станува збор за еден од најголемите клубови во светот. Ја сфаќам тешката ситуација во која западна Барса со тешката повреда на Тер Штеген и сметам дека ќе беше големо непочитување од моја страна да не ја разгледам опцијата која ми се понуди“, изјави Шчешни.