Фудбал

Во Тотенхем пристигна Коло Муани

Во Тотенхем пристигна Коло Муани

Фудбалскиот клуб Тотенхем договори едногодишна позајмица на францускиот напаѓач Коло Муани од Пари Сен Жермен,

Договорот бил постигнат во последните часови од преодниот рок, откако се усогласиле сите детали на соработката. Интерес за Коло Муани имаше и од Баерн Минхен, но понудата на германскиот шампион пристигнала предоцна за да биде разгледана сериозно.

Коло Муани минатата сезона ја мина на позајмица во Јувентус, каде што се истакна со осум постигнати голови на 16 натпревари во Серија А.

To top