Фудбал

Во понеделник извлекување на паровите за новата сезона во ПМФЛ

Во понеделник извлекување на паровите за новата сезона во ПМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес информираше кога и официјално ќе се започне со новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ)

Ве информираме дека Комисијата за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија во понеделник, на 29. јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”, со почеток во 13. часот ќе одржи извлекување на паровите за новата натпреварувачка созона 2024 2025 во Прва МФЛ, стои во краткиот допис од ФФМ.

Предвидено е новата сезона во ПМФЛ да започне на 11 август со натпреварите од 1.коло.

Истата ќе ја сочинуваат следните 12 екипи: Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Силекс, Работнички, Гостивар, Брера, Воска, Вардар, Беса и Пелистер.

To top