Палестинскиот фудбалер Мохамед Баракат е убиен во вчерашното израелско бомбардирање на неговата куќа во Хан Јунис за време на тековната војна во Газа, објавија арапските медиуми.
Фудбалерот три пати ја претставуваше репрезентацијата на Палестина, познат како „легендата на Кан Јунис“ – локален младински клуб.
Триесет и деветгодишниот Баракат е првиот играч од Газа кој постигнал најмалку 100 гола, со 114 гола за тимот на Кан Јунис, тим во кој беше капитен.
Тој играше во многу клубови на Западниот Брег и во Јордан, а неодамна беше дел од Ахли Газа, локален палестински клуб.
Голем број палестински спортисти, вклучително и фудбалери и кошаркари, загинаа во првиот месец од војната, која започна на 7 октомври.