Фудбал

Во Истанбул како во воена зона (ВИДЕО)

Во Истанбул како во воена зона (ВИДЕО)

Турскиот фудбалски клуб Фенербахче на свој терен го пречека Манчестер Јунајтед во натпревар од третото коло во Лига Европа. Истанбул беше преполн со англиски навивачи, но многумина од нив не си поминаа убаво во Турција.

Турските ултраси лојални на Фенер со денови шетаат низ градот и напаѓаат секого што на било кој начин ќе заклучат дека е поврзан со англискиот клуб. И не само тоа, туку потоа се фалат со овие „достигнувања“ на нивните профили на социјалните мрежи.

Така во јавноста стигна видеото од еден инцидент, за кој турските медиуми пишуваат дека е конфликт „50-5“, со соодносот во корист на Турците.

„Педесет од нив се нафрлија на нас петмината. Еден од нив ме следеше по улицата и се преправаше дека ми помага пред да ме удри со тупаница во вилицата“, изјави еден навивач на Јунајтед за англиските медиуми.

To top