Фудбал

ВМФЛ: Победа убедлива, Арсими победи кај Охрид

ВМФЛ: Победа убедлива, Арсими победи кај Охрид

Денеска се одиграа шест натпревари од второто коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) каде Брегалница со 2-0 славеше на гостувањето кај Новаци, Победа го прегази Борец триумфирајќи со 5-0.

Во најефикасниот натпревар денеска, Арсими со 4-2 славеше на гостувањето кај Охрид. Гостински триумф забележаа и Кожуф кој со 3-1 победи кај Вардарски, како и Детонит кој со 2-0 ја совлада Саса во Каменица.

Вардар Неготино и Беласица одиграа 2-2, нерешено заврши и дуелот меѓу Осогово и Скопје, во Кочани беше 1-1.

Утре од 16 часот се игра дуелот меѓу Башкими и Македонија Ѓорче Петров, последен меч од ова коло.

Резултати 2. коло:

Саса – Детонит 0-2
Новаци – Брегалница 0-2
Охрид – Арсими 2-4
Осогово – Скопје 1-1
Победа – Борец 5-0
Вардар Неготино – Беласица 2-2
Вардарски – Кожуф 1-3

Утре 16 часот

Башкими – Македонија ЃП

To top