Фудбал

Влошена здравствената состојба на легендарниот Франц Бекенбауер

Влошена здравствената состојба на легендарниот Франц Бекенбауер

Здравествената состојба на легендарниот германски фудбалер и тренер Франц Бекенбауер се влошила, потврди неговиот син Валтер.

„Не се чувствува добро. Ако би ви кажал дека е добро, ќе ве излажам, а јас не сакам да лажам. Здравјето му е многу нестабилно. Секој шок по неговото тело може да биде датален. Не може и самостојно да носи одлуки, памтењето му е оштетено“, изјави Валтер.

Токму поради здравствената состојба Бекенбауер не се појави на собирот на поранешните членови на репрезентацијата на Германија од 1990 година кој се одржа на 9-ти јули 2023 година.

Исто така не беше во можност да отпатува во Бразил на погребот на неговиот пријател Пеле.

To top