Винициус Жуниор е многу близу до враќање на терените и наскоро се очекува да се приклучи на тимот, јавува шпанската „Марка“, која секогаш има квалитетни информации кога се работи за Реал Мадрид.
Бразилската ѕвезда отсуствуваше скоро две недели, но се очекува од утре да започне со поблаги тренинзи и полека да се врати во строј за следните предизвици на „кралевите“.
Карло Анчелоти повторно е во незавидна ситуација по поразот од Атлетик Билбао и шпекулациите за негова смена се зголемуваат, но сепак навивачите се убедени дека екипата ќе се издигне од лошиот период и наскоро ќе влезе во добра форма.
Винициус сезонава одигра 19 натпревари за Реал и забележа учинок од 15 голови и пет асистенции.
Најтрофејниот европски клуб во следното коло од Примера ќе се соочи со Џирона на нашиот Бојан Миовски, a потоа ќе мора да извлече добар резултат во мечот против Аталанта во Лигата на шампионите.