Фудбал

Винисиус сега не сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид

Винисиус сега не сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид

Според медиумите, Винисиус Жуниор му соопштил на раководството на Реал Мадрид дека во моментов не планира да потпише нов договор, а главната причина е напнатиот однос со тренерот Чаби Алонсо.

Бразилецот, наводно, веќе разговарал со претседателот Флорентино Перез и јасно ставил до знаење дека ситуацијата со Алонсо е сериозен проблем и дека не гледа можност за обновување на договорот доколку односите не се подобрат.

Медиумите тврдат дека конфликтот трае подолг период, а дополнително се влошил по замената на Винисиус на едно од дерби-средбите.

Иако Реал е подготвен да му понуди подобри услови, напаѓачот засега останува цврст во својата одлука.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ситуацијата внесува голема доза на неизвесност околу иднината на Винисиус, чиј договор истекува во 2027 година.

To top