Фудбал

Винисиус два меча на ладење за инцидентот со Столе Димитриевски

Винисиус два меча на ладење за инцидентот со Столе Димитриевски

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор е казнет со два натпревари суспензија, откако доби директен црвен картон на натпреварот против Валенсија минатата недела.

Тој ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас и Реал Ваљадолид во Ла лига. Од друга страна, Винисиус ќе може да игра во Суперкупот на Шпанија, кој започнува оваа среда во Саудиска Арабија.

Во 80. минута од натпреварот при резултат 1:0 за Валенсија, крилниот напаѓач на Реал го удри македонскиот репрезентативец на голот на Валенсија, Столе Димитриевски, и мораше да го напушти теренот по онтервенцијата на ВАР.

To top