Манчестер Јунајтед, според информациите од Островот, планира голем трансфер во јануарскиот преоден рок и е подготвен да го донесе нигерискиот напаѓач Виктор Осимен на „Олд Трафорд“.
Новоназначениот менаџер Рубен Аморим, кој неодамна ја презеде функцијата, истакна дека му е потребно време за да ги постави основите за успех, но дека ќе бидат неопходни и засилувања за подигнување на квалитетот.
Осимен, кој моментно настапува како позајмен играч во Галатасарај, се чини дека е првата голема цел на Јунајтед за јануари.
Италијанскиот медиум „Ил Матино“ известува дека Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за Осимен, која изнесува 70 милиони евра.
Иако тој моментално е на позајмица во турскиот Галатасарај, договорот има клаузула која дозволува предвремено раскинување, што би му овозможило да се пресели во Премиер лигата.