После шест години, голманот на македонската фудбалска А репрезентација, Столе Димитриевски, одлучи ова лето да го напушти Рајо Ваљекано, но не и Шпанија.
Нашиот чувар на мрежата ја продолжува кариерата во Валенсија во чиј дрес веќе го имаше и првиот тренинг.
Ланската сезона во Ла Лига екипата на Валенсија го освои деветтото место, но не успеа да обезбеди пласман во европските клупски натпреварувања.
Според најавите, клубот од „Местаља“ пред новата сезона во шпанското првенство кое за екипата ќе стартува на 17 август, ќе одигра шест контролни мечеви редоследно против Кастељон, Алавес, ПСВ, Леванте, Лидс и Ајнтрахт Франкфурт.
На видео записот можете да го погледнете тренингот на Димитриевски со своите нови тимски колеги: