Фудбал трогателни сцени

ВИДЕО: Сопругата на Жота скршена од болка, со придружба излезе од мртовечницата во Шпанија

Според пишувањата на португалските медиуми, двајцата браќа ќе бидат погребани утре во 11 часот.

ВИДЕО: Сопругата на Жота скршена од болка, со придружба излезе од мртовечницата во Шпанија

Сопругата на Диого Жота, Руте Кардозо и неговите родители вчера попладне беа во Шпанија да ги подигнат телата на фудбалерот на Ливерпул и неговиот брат Андре Силва кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа.

Во мртовечницата, тие беа придружувани од членови на семејството и нивни блиски. Новинарските екипи ги снимија Руте и мајката на двајцата браќа како скршени од болка влегуваат во автомобилите во кои се телата на Диого и Андре и заминуваат.

Screenshot

Според пишувањата на португалските медиуми, двајцата браќа ќе бидат погребани утре во 11 часот.

Руте и Диого пред само неколку дена, на 22 јуни, направија свадба по долгогодишната врска. Парот беше заедно од тинејџерските денови и имаат три деца, два сина и ќерка.

To top