Фудбал

(ВИДЕО) ШОК ИЗЈАВА НА ПОГБА: Готово е, мртов сум

Францускиот фудбалер Пол Погба даде необична изјава во едно интервју.

(ВИДЕО) ШОК ИЗЈАВА НА ПОГБА: Готово е, мртов сум

Пол Погба, играчот од средниот ред на Јувентус, неодамна доби четиригодишна суспензија поради користење недозволени средства.

Се верува дека станува збор за анаболичен стероид бидејќи Погба беше фатен по мечот со Удинезе на допинг тест каде беше пронајден вишок тестостерон во телото.

-Готово е. Јас сум мртов. Пол Погба повеќе не постои, изјави Французинот.

Погба целата своја професионална кариера ја помина во два клуба. Тој се приклучи на академијата на Манчестер Јунајтед во 2009 година како 16-годишник од Ле Авр. Три години подоцна тој се пресели во Јувентус без обештетување.

По четири години, летото 2016 година, тој се врати во Јунајтед со отштета од 105 милиони евра, со што стана најскапиот фудбалер во историјата во тоа време.

Во 2022 година, Погба повторно го замени Јунајтед за Јувентус без обештетување. Но, поради повреди и споменатата суспензија поради допинг, во вториот термин за Јуве одигра само 12 натпревари.

Со Јувентус освои четири шампионски титули и два купа. Играјќи за Манчестер Јунајтед, тој ги освои Лига Купот и Лига Европа. Со француската репрезентација беше светски шампион во 2018 година.

To top