Фудбал

ВИДЕО: Се појави снимка од обидот за киднапирање на руски репрезентативец

ВИДЕО: Се појави снимка од обидот за киднапирање на руски репрезентативец

Рускиот репрезентативец и фудбалер на Зенит од Санкт Петербург, Андреј Мостовој (27), избегнал киднапирање по чиста среќа, а сега на социјалните мрежи се појави видео од инцидентот кој се одвивал на улица.

Инцидентот се случил на 23 октомври, а руската полиција потврди дека се уапсени неколку осомничени.

Според достапните информации, група напаѓачи го пресретнале Мостовој на улицата и се обиделе насилно да го турнат во автомобил. Благодарение на брзата реакција на неговиот пријател, Александар Гракун, поранешен хокеар, киднапирањето било спречено.

Гракун веднаш интервенирал, го извлекол својот пријател и ги турнал напаѓачите, додека Мостовој ја искористил ситуацијата и избегал во блиската шума.

Мостовој е долгогодишен член на Зенит, за кој одиграл 192 натпревари, постигнал 40 гола и регистрирал 21 асистенција, додека играл 20 пати за руската репрезентација.

И покрај траумата, Мостовој се вратил на тренинзите неколку дена подоцна, па дури и го постигнал својот 40-ти гол за Зенит во клупски натпревар против Локомотив Москва.

To top