Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас викендов во ремито на Торино и Верона од 1-1 го постигна својот четврти гол во дресот на „биковите“.
Елмас во Торино пристигна на позајмица од Лајпциг во зимскиот преоден рок и овој потег на македонскиот репрезентативец се покажа како полн погодок бидејќи игра се подобро. Торино на својот официјален профил на социјалните мрежи објави и видео од погодокот на Елмас од еден друг агол кој покажува дека чуварот на мрежата на Верона едноставно немал шанси да интервенира.
Primo gol davanti al pubblico granata per Elif Elmas
pic.twitter.com/aWBoiHubxv
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) April 7, 2025