Судијата на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алавес (3-2) не беше особено наклонет кон „кралевите“, со оглед што им додели четири жолти картони, а еден од нив доби Лука Модриќ и тоа во судиското надополнување поради приговор.
Судијата Алехандро Муњис Руиз му покажа јавна опомена на капитенот на шампионот поради приговор, по што Хрватот беше уловен од камерата како сочно го пцуе делителот на правдата на мајчиниот јазик:
„Во уста да те е*ам“, беше пцовката на ветеранот, но за среќа судијата не го разбра па не доби дополнителна казна .
Модриќ (39) во двата последни натпревари во Реал Мадрид ги доби последните 20 минути, период во кој Алавес ги постигна двата бода и предизвика нервоза кај фудбалерите на „кралскиот клуб“.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 25, 2024