Депортиво Ла Коруња пред повеќе од две децении беше синоним за шпанска фудбалска велесила и во тој период успеа да ја освои и титулата во Ла Лига, но тимот од Галиција во овој момент се натпреварува во третата шпанска лига.
Славниот „Супер-Депор“ беше составен од имиња како Макај, Тристан, Валерон и Луке и често знаеше да биде ноќна мора и за европски великани како Милан, а иако овој тим не може да се спореди со оној актуелниот кој настапува на „Риазор“, едно видео од најголемата ѕвезда во актуелниот состав стана вирален хит.
Лукас Перез покажа несекојдневна љубов кон матичниот клуб и направи кам-бек за да му помогне на Депортиво да се врати во Втора лига, а поранешниот напаѓач на Арсенал и Вест Хем сега стана вирален поради спринтот на последниот натпревар.
Депортиво ја победи Фуенлабрада со резултат 4:1 на домашен терен, а последниот гол бил токму дело на Лукас Перез кој полека влегува во завршната фаза во својата кариера.
И покрај тоа, Перез со последниот спринт покажува дека е максимално подготвен и на 35-годишна возраст, бидејќи во дадената ситуација победи 14 години помладо момче кое влегло во игра како освежување во вториот дел.
Спринтот на Лукас во 88-та минута стана доста популарен меѓу медиумите во Шпанија, па видеото се споделува и на социјалните мрежи.
Lucas Pérez si corriera: pic.twitter.com/Vmkl4CPlKf
— 💯🍍 (@Centenariazo) February 4, 2024