Фудбал Прва македонска фудбалска лига

Вардар ремизираше на вториот контролен натпревар во Анталија

За избраниците на Гоце Седлоски ова беше втор контролен натпревар во Анталија, по стартниот пораз од Јаблонец од Чешка со 6-2.

Вардар ремизираше на вториот контролен натпревар во Анталија

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Вардар одигра попладнево нерешено 1-1 против узбекистански Андијон во својот втор натпревар во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона.

Узбекистанскиот тим дојде во водство во 62 минута, а конечниот резултат го постави Давид Бабунски во 77 минута.

За избраниците на Гоце Седлоски ова беше втор контролен натпревар во Анталија, по стартниот пораз од Јаблонец од Чешка со 6-2.

Следниот натпревар на Вардар е закажан за 23 јануари против полски Мотор Лубин. (МИА)

To top