На денешната комеморација одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов.
Легендата на Вардар одигра преку 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и има постигнато 93 голови. Вардарци во хотелот „Хилтон“ ја одржаа комеморативната седница на која се испратија пораки.
Клубот воедно донесе одлука да го повлече дресот со бројот 11, кој повеќе нема да го носи никој во Вардар во чест на Рингов.