Фудбал

Варан се подготвува ли трансфер во Саудиска Арабија?

Варан се подготвува ли трансфер во Саудиска Арабија?

Францускиот фудбалер Рафаел Варан, се уште нема потпишано продолжување на договорот со Манчестер јунајтед.

Неговиот актуелен договор истекува летото 2025-тата година, и ова е последната шанса за „црвените ѓаволи“ да заработат од неговиот трансфер.

Варан пред 2.5 години дојде на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид за 45 милиони евра, а според шпекулациите Ал-Наср сериозно е заинтересиран за неговите услуги и сака повторно да го обедини тандемот со Кристијано Роналдо.

To top