Во Барселона се бесни на судиите бидејќи мислат дека се оштетени за гол во 28. минута. Голманот на Реал, Андриј Лунин, едвај ја расчисти топката испратена од корнер од Ламин Јамал од гол-линијата или можеби и во голот.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен. Сега е објавена ВАР комуникацијата на судијата Цезаро Сото Градо со ВАР собата, која ја пренесуваме во целост.
Сото Градо: За мене таа топка ја нема во голот.
ВАР: Ајде да погледнеме, почекај малку, не дозволувај да ја изведат топката.
Сото Градо: Чекам. Не, нема гол-технологија. Ние чекаме. Чекаме ВАР. Можеби беше гол. Се гледа. Не, нема гол-технологија.
ВАР: Серхио, застани во моментот кога топката ќе удри во ракавиците на Лунин. Чекај малку, правиме триангулација затоа што немаме чиста снимка.
Сото Градо: Сѐ уште ништо не знаеме.
ВАР: Овој играч го крие телото на Лунин/ Почекај минута. Сè уште бараме доказ. Снимкава не е добра, не е ни оваа, не е добар ни овој агол, не гледам ни од оваа. Ништо, ниту тоа, ниту ова не е добро…
Сото Градо: Нема брзање, ова е многу важна одлука, нема брзање, погледнете ги сите камери.
ВАР: Немаме повеќе. Можеме да потврдиме дека немаме камери.
Сото Градо: Не брзаме. Можеме да почекаме. Најдобро е да се почека.
ВАР: Цезар почнуваме со корнер, немаме доказ дека топката влегла во голот, затоа почнуваме со корнер. Нема докази дека топката влегла во голот.