Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, беше многу разочаран по поразот од Англија, 1:2 во полуфиналето на ЕП 2024. Тој едвај најде зборови да ја опише својата тага.
– Страшно е кога ќе примите гол толку доцна на натпреварот. Давате се’ од себе, секој дава се’ од себе, и губите во последен момент. Беше добар меч, но кога ќе иостанете со празни раце, многу боли, изјави Ван Дајк.
Ван Дијк вели дека пеналот за Англија бил пресвртна точка на натпреварот.
– Мислам дека пенал моментот е голем, битен момент, Англија стекна поголема самодоверба потоа. Мислам дека многу одлуки не беа во наша полза, но не сакам да зборувам за тоа и да го обвинувам судијата.
Но тој веднаш по последниот свиреж веднаш замина во соблекувалната. Тоа кажува многу, изјави тој за УЕФА.