Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, првпат во јавноста проговори за преговорите за продолжување на договорот со „црвените“.
Холандскиот дефанзивец истакна дека има голем напредок во преговорите со Ливерпул, што секако се позитивни вести за навивачите на „црвените“, кои чекаат исти вести и за продолжувањето на договорот на Мохамед Салах.
„Има напредок во преговорите. Не знам дали ќе останам, ќе видиме. Ова се интерни преговори и ќе видиме што ќе се случи. Го сакам клубот, ги сакам навивачите. Тие се тука секогаш за нас, нѐ поддржуваат и сакавме да им се оддолжиме. Сакам и во недела да бидат на Енфилд.“ – рече Ван Дајк.