Федерико Валверде имал извонредни настапи во дресот на Реал Мадрид, но ова вечерва беше врвот, во првата половина од првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити даде три гола и првпат во кариерата направи хет-трик.
„Неверојатно, сонувате за вакви ноќи. Ова ми е најдобар натпревар во кариерата, особено во однос на головите. Навистина уживав денес. Помина доста време откако се забавував вака. Среќен сум за победата на тимот. Денес имавме многу повеќе играчи кои ја контролираа топката во средина и се обидов да напаѓам повеќе. Моите соиграчи ми даваа неверојатни додавања, им благодарам. Имаше простор зад нас за трчање, ние сме брзи и функционираше добро. Мораме да се однесуваме едни кон други како кон браќа, да се браниме едни со други, да си помагаме едни на други, да си го чуваме грбот. Ако тимот е обединет, можеме да постигнеме големи работи. Знаеме дека ќе биде многу тешко во Манчестер, тие вршат голем притисок, нивните навивачи се многу гласни. Мораме да одиме таму како да е 0-0 и да работиме напорно“, рече Валверде.