Фудбал

Уште еден удар за каталонците, нова повреда за Барселона

Уште еден удар за каталонците, нова повреда за Барселона

Тренерот на Барселона Чави Ернандес не може да смета на услугите на Гафи, Рафиња, Марк Тер Штеген, Маркос Алонсо, Ињиго Мартинез, Серхи Роберто и Алехандро Балде, листа на која сега додаден е и Жоао Феликс.

Португалецот се повредил на денешниот тренинг и тоа лигаментите на десниот зглоб и како што стојат работите ќе биде во „аут“ неколку недели.

Клубот не соопшти колку ќе отсуствува, но медиумите најавуваат дека целта ќе биде тој да биде подготвен за соочувањето со Наполи во Лигата на шампионите.

Ова значи нови главоболки за тренерот Ернандес кој одново ќе мора да бара нови решенија, па и да ја користи школата како што досега тоа го правеше.

To top