Хезус Навас финалето до ЕП го дочекува на 38-годишна возраст, а на прес-конференцијата пред финалето најави дека овој дуел ќе му биде и последен во националниот тим на Шпанија.
– Мората ме натера да зборувам на пресот, затоа што ова ќе ми биде последен натпревар во репрезентацијата.Да бидам овде после толку години е потврда дека сум ги правел работите исправно и би било фантастично за мене и целиот тим доколку ја завршам приказната со трофеј, кој дефинитивно го заслуживме. И на оваа возраст сум превозбуден поради моментот, поради можноста да и помогнам на својата земја. Но, одлуката за крај е веќе донесена, – рече Навас.
Шпанскиот ветеран дебитираше за националниот тим во 2009 година и има 56 настапи.