По повредата на Гави за време на репрезентативните обврски, сега доаѓаат нови, лоши вести за тренерот Чави Ернандез.
Голманот Марк Андре Тер Штеген сè уште не тренира со екипата откако почувствува болка во грбот и го напушти кампот на Германија.
Каталонските медиуми пишуваат дека сè поголеми се шансите Тер Штеген да паузира и да го пропушти натпреварот против Рајо Валјекано, кој е закажан за сабота.