Неколку фудбалери јавно го изразија незадоволството од условите за работа, како и самата организација на Про-лигата, а меѓу нив е и српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Долгогодишниот ас на римски Лацио се реши за премин во Ал-Хилал, но би можел уште во јануари да го прекине својот престој на арапскиот полуостров.
Српскиот репрезентативец бил во друштво на фудбалерите на Лацио, кои беа на подготовки во Саудиска Арабија, а кога ги испраќал на аеродромот, им открил дека неговите агенти работат на трансфер во Европа и тоа би можело да се случи многу наскоро.