Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски продолжува со својата блескава игра во турската Лига 1. Овој пат Аврамовски со два гола му донесе нова победа на својот тим Болуспорт.
Имено македонскиот голгетер двата гола ги постигна во првото полувреме од натпреварот против екипата на Истамбулспор.
Аврамовски двата гола ги постигна за нецели три минути, односно првиот гол го забележа во 13′ минута, додека вториот за само три минути подоцна, во 16’минута од натпреварот.
Мора да се напомене дека Аврамовски бележи брилијантни настапи во лигата и редовно ги тресе мрежите на противниците.
Аврамовски беше стрелец и на натпреварот од минатото 9.коло кога Болуспорт со резултат од 2:0 ја совлада екипата на Корум.
Болуспорт моментално се наоѓа на 8-та позиција од табелата од турската Лига 1 и има 15 бодови, 4 помалку од лидерот на табелата Ерзурумспор и второрангираната Коцаелсиспор.