Фудбал

Уругвајците добија жестоки казни за инцидентот на Копа Америка

Уругвајците добија жестоки казни за инцидентот на Копа Америка

Уругвајската фудбалска репрезентација ќе има сериозни проблеми наредниот период бидејќи дури 11 фудбалери заработиле суспензии поради инцидентот на Копа Америка.

Дел од уругвајските репрезентативци влегоа во клинч со колумбиски навивачи, кои ги нападнале нивните семејства по средбата на Копа Америка, па и покрај објаснувањето дека обезбедувањето потфрлило и тие морале да ги заштитат најблиските, КОНМЕБОЛ им додели жестоки казни.

Дарвин Нуњез ќе паузира дури пет натпревари, додека Родриго Бентанкур ќе биде суспендиран на четири средби.

Матијас Оливера од Наполи, Роналд Араухо од Барселона и Хозе Марија Хименез од Атлетико Мадрид добија по три натпревари суспензија за инцидентот во САД.

Нуњез ќе плати казна од 20.000 долари, Бентанкур од 16.000 долари, додека триото со три средби суспензија ќе мора да исплати по 12.000 долари. Уште шест репрезентативци добиле парична казна од 5.000 долари

 

To top