Фудбал

Управата на Барселона задоволна од работата на Чави

Управата на Барселона задоволна од работата на Чави

Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте ја пофали работата на Чави како главен тренер на тимот.

– Ние сме многу, многу задоволни од работата на Чави и целиот негов персонал во стручниот штаб. Задоволни сме од начинот на кој го гради тимот, што не е лесно, од начинот на кој ги комбинира младоста со ветераните, од начинот на кој се справува со притисокот. Многу сме задоволни од Чави, изјави Јусте за „Marca“.

Барселона по 19 кола е на третото место во шпанското првенство со 41 бод. Лидер е Реал Мадрид (48 бодови).

. 

To top