Се чини дека Чаби Алонсо се уште не ги убедил првите луѓе на Реал Мадрид, а посебно Флорентино Перез дека е вистинскиот човек за стратег на “кралевите“, да не говориме за фановите на најголемиот клуб во светот.
Реал и Атлетико, во градското дерби, ќе бијат битка за вториот финалист во Супер Купот на Шпанија.
Иако Суперкупот не е толку важен за шпанските клубови, секој дуел меѓу овие тимови е значаен, особено кога е во прашање трофејот, но ако му се верува на угледниот шпански весник „АС“, Супер Купот станува натпреварување од клучно значење за Реал Мадрид и неговиот тренер Чаби Алонсо.
„Ас“ пишува дека натпреварот или натпреварите во Џеда директно ќе ја одлучат иднината на главниот тренер на Реал Мадрид.
Реал беше поразен од Атлетико со 2:5 во Ла Лига оваа есен, ќе имаат голем мотив да се одмаздат, а ситуацијата на табелата во домашното првенство не е добра за нив, бидејќи по 19 одиграни кола се со -4 зад Барселона.
За да биде ситуацијата уште потешка, повредениот Килијан Мбапе нема да игра за Реал во Саудиска Арабија, па останува да се види како ќе реагира Алонсо и каков модел на игра ќе избере, во моментот кога се соочува со најголемиот тренерски притисок што може да го изврши.