Фудбал

УЕФА уште ги испорачува казните по ЕП за Србија, Албанија, Хрватска и Словенија

УЕФА уште ги испорачува казните по ЕП за Србија, Албанија, Хрватска и Словенија

Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече нови санкции за неколку земји учеснички на континенталниот собир на кој Шпанија го освои златниот медал.

Најлошо помина Хрватска која доби казна од 50.000 евра поради неспортското навивање на нивните фанови.

Фудбалскиот сојуз на Србија ќе ја олесни касата за 30.000 евра и нема да смее да има свој навивачи на првото следно гостување.

На листата на казнети се и федерациите на Романија (казна од 40.000 евра) Албанија, Словенија и Унгарија ќе платат по 30.000 евра, а за Австрија следува казна од 20.000 евра.

To top