Фудбал

УЕФА разгледува нов формат за квалификациите за ЕП и СП

УЕФА разгледува нов формат за квалификациите за ЕП и СП

Една од опциите е Лигата на нации да се користи како квалификациски турнир, додека другата предвидува воведување на швајцарскиот модел со единствена табела, слично на системот што се користи во Лигата на шампионите од минатата сезона.

Плановите беа презентирани на состанокот на генералните секретари на 55 европски федерации, кој се одржа пред две недели во Малага.

Приходите од емитување и ангажманот на навивачите за време на квалификациите за националните тимови се намалуваат, додека растат во Лигата на нации.

Многу е тешко да се најде формула што ќе биде конкурентна, ќе обезбеди можности за помалите тимови и нема да создаде проблеми за големите селекции,“ вели извор запознаен со ситуацијата.

To top