Поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски се најде во најдобриот тим во изборот на УЕФА, за третото коло од Лигата на шампиони. Ристовски одигра блескав меч и имаше две асистенции во победата од 2:0 на Динамо Загреб на гости кај Салцбург.
Веднаш по мечот во Салцбург, Ристовски беше прогласен за најдобар играч на средбата, а денеска стигна уште едно големо признание и тоа од УЕФА. Дефанзивецот се најде во идеалниот тим за третото коло во ЛШ, каде е заедно со ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус јуниор и Рафиња.
That front line 🔥
Introducing your Team of the Week! 👇@cryptocom | #UCLTOTW pic.twitter.com/jytyXjvrq1
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 24, 2024