Поради високите температури кои владеат во Скопје, УЕФА го промени терминот за првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига меѓу македонскиот представник Тиквеш и исландски Бреидаблик.
Место првично утврдениот термин од 17:30 часот, натпреварот во четврток (11. јули) ќе се игра со почеток од 20:30 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Тикваш веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот за кој билет чини 200 денари, а ВИП влезниците се по цена од 500 денари.