Фудбал

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Родри и Мората

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Родри и Мората

При прославата на титулата Европски шампион во фудбал, Алваро Мората и Родри скандираа „Гибралтар е шпански“ и си направија проблеми.

УЕФА веднаш отвори дисциплинска постапка и попладнево извести дека против двајцата фудбалери се покренати обвиненија по четири точки.

Се шпекулира дека Алваро Мората и Родри можат да добијат по два натпревари суспензија, слична казна како оние на Мерих Демирал од Турција, и Мирлинд Даку, кој ги навредуваше Македонците и Србите.

To top